Поранешен голман на Франција призна дека злоставувал малолетно момче!

Скандалот кој ја тресе ракометна Франција дојде поблиску до разјаснување, откако Бруно Мартини (52) ги призна обвинувањата за злоставување малолетни лица.

Некогашниот голман на француската ракометна репрезентација и актуелен претседател на француската Лига 1 го призна делото за кое беше обвинет уште во 2020 година и сега е пуштен на слобода. 

Обвинението го поднесе 13-годишно момче, а Мартини се бранел со тврдењето дека не ја знаел точната возраст на момчето, односно дека мислел оти има 15. Тоа е возраст, на која во Франција личностите можат сами да решат дали да стапат во некој сексуален однос или не. Со оглед на признанието, веројатно казната за него ќе биде поблага, иако на ова обвинување „залепено“ е и она за снимање детска порнографија.

Се очекува Мартини, бездруго, да поднесе оставка од претседателската функција на ракометната Лига 1, а дотогаш прво лице ќе биде потпретседателот Давид Тебиб. Тој беше голман на репрезентацијата на Франција од 1990 до 2007 година, а се закити со злато на Светските првенства во 1995 и во 2001.

Ова не е прв ваков случај во Франција, бидејќи неодамна со слични обвинувања за сексуално вознемирување беше обвинет и првиот човек на фудбалската федерација, Ноел ле Гре.