„Попрво ќе фрлиме 60.000 долари на стриптиз отколку да нахраниме 2.500 луѓе“

Поранешниот кошаркар во НБА, Џеј-Ар Смит, кој има две шампионски титули со Кливленд во 2016 година и со ЛА Лејкерс во 2020 година, ја кажа сета вистина за расипничкиот живот кој ја водат кошаркарските ѕвезди и жали што на глупости потрошил купишта пари.

Во ек на економска криза која го тресе светот, прво предизвикана од ковид-кризата, па со војната во Украина, сѐ повеќе сиромашни луѓе има низ светот, па и во САД.

Џеј-Ар Смит во кариерата заработи над 90 милиони евра.

„Ние попрво ќе фрлиме 60.000 долари на стриптиз, отколку да нахраниме 2.500 луѓе. Парите што ги давав за најразлични глупави казни, како каснење на автобус, можев цела заедница да ја нахранам. Ама, јас мислев само на себе... Ми требаше познат брент на јакна, не знам каква дизајнерска торба, најнови ексклизувни фармерки и панталони, итн. И кого импресионирав? А, не бев среќен. На многумина им бев пример, мислеа дека се кул ако ме копираат. Реалноста е дека се тоа беше – ср*ње!“, рече екс-НБА кошаркарот.

Тој во 2004 година беше избран како 18-ти пик на драфтот, а во НБА влезе директно од средно училиште. Го избраа Њу Орлеанс Хорнетс, сегашни Пеликанс, па играше за Денвер Нагетс, Њујорк Никс, Кливленд Кавалирс и ЛА Лејкерс, за на крај да заврши и во Кина во Жеџијанг Голден Булс.