Откриена девојката која го растури бракот на контроверзните Ванда и Мауро Икарди (ФОТО)

Контроверзниот брак на Ванда Нара и Мауро Икарди кој се изроди со неверство, заврши на ист начин откако Аргентинката го фатила својот сопруг како ја изневерува со аргентинска глумица, па медиумите открија за кого станува збор.

Ванда го отследила Мауро од Инстаграм веднаш откако објави дека „уништил уште еден брак поради ку*ва“, а истовремено ја отследила и аргентинската глумица Чина Суарез со која била пријателка, а таа завршила во кревет со нејзиниот Мауро.

Мауро и Ванда имаат две деца од седумгодишниот брак, откако претходно таа имаше три деца со најголемиот пријател на Икарди, Макси Лопез, но потоа го изневери и заврши во прегратките на доскорешниот сопруг, предизвикувајќи огромен скандал.