Нова трагедија: Бивш германски младински репрезентативец се пожалил на главоболка, па починал!

Германскиот 24-годишен фудбалер Јаник Нонвајлер, поранешен младински репрезентативец на „панцерите“ починал во болница во Хомбург, каде бил примен откако се пожалил на главоболка.

Нонвајлер беше дел од вториот тим на Кајзерслаутерн, играше уште и за Нирнберг, Карлсруе, Штутгарт, Сарбрикен, Швалбах, Титус и Рохлинг, а во моментов беше дел од Келербах.

„Шокирани сме од веста дека нашиот фудбалер починал на само 24 години. Нашите мисли и молитви се со неговата сопруга, семејството и пријателите“, објави Келербах.

Малиот германски клуб објави дека следните два меча закажани во следните седум дена се откажани.

„Ти не беше само играч, беше другар. Директен, секогаш чесен со срце од злато.Секогаш коректен, секогаш извонреден. Секогаш фер. Секогаш лојален и чесен. Нема зборови со кои може да ја опишеме оваа загуба“, објави клубот.