Нема каде да бега: Робињо уапсен и однесен на отслужување на затворската казна (ВИДЕО)

Поранешниот бразилски репрезентативец Робињо дефинитивно ќе мора да отслужи деветгодишна затворска казна поради силување.

Тој беше обвинет дека во 2013 година, заедно со уште четири мажи силувал Албанка, во Италија. Во меѓувреме тој побегна во татковината, но осуден е во отсуство и затворската казна ќе ја отслужи во Бразил.

Додека се шпекулира за иднината на Робињо, се појавија на снимки од неговото апсење, извршениот во домот на фудбалерот.