Неколку часа пред мечот со Мајорка: Фудбалер на Реал купи коњ од 50.000 евра
„Кралевите“ на гостувањето во Мајорка загубија со 1-0, а стрелец на единствениот погодок беше Лаго Жуниор во седмата минута.
Во почетниот состав за Реал на овој дуел беше и Алваро Одриазола, кој во 74. минута мораше предвреме да го заврши мечот поради втор жолт картон.
Инаку, неколку часа пред натпреварот, младиот дефанзивец си купи коњ кој го плати дури 50.000 евра.
Одриазола е познат како љубител на коњи и е сопственик на коњскиот клуб „Бернандо“, па не е ни чудо зошто го купи најскапиот коњ на вчерашната аукција. Тој учествуваше на телефонска аукција, а неговата понуда од 50.000 евра беше доволна за да купи едногодишен коњ, кои обично се најскапи.