Некогаш беше желба на Сити, а сега „скапува“ во четврта лига!

Гркот Кирјакос Пападопулос пред нешто помалку од една деценија важеше за еден од најдобрите дефанзивци во светот на фудбалот.

На 18 години тој блескаше во Олимпијакос поради што германски Шалке го купи за два милиони евра. По само неколку години минати во синиот дрес неговата вредност на трансфер-маркетот изнесуваше 18 милиони, па за него голем интерес покажа тимот на Манчестер Сити.

Во 2013 година, Роберто Манчини сакаше да го донесе во Сити како замена за Џолеон Лескот и Коло Туре, бидејќи и двајцата го напуштија клубот на крајот од сезоната. Беа остварени сите контакти со играчот и се чинеше дека договорот ќе се реализира.

Сепак, Манчини се откажа од Пападопулос затоа што тоа лето потроши повеќе од 100 милиони евра на Фернандињо, Јоветиќ, Навас и Негредо, па бараше поевтина опција за дефанзивната линија. Тој го избра Мартин Демикелис од Атлетико Мадрид, а Пападопулос заврши прво во Баер Леверкузен, а потоа во Хамбург.

Пред три дена, неговата кариера имаше целосен неуспех. Тој беше префрлен во вториот тим на ХСВ, кој моментно се натпреварува во четвртата лига. Во ХСВ веќе две и пол години, но постојано е повреден.

Договорот на Пападопулос со ХСВ, кој сè уште заработува дури четири милиони евра годишно, истекува на крајот на сезоната, но клубот му дозволи да го напушти тимот оваа зима, секако доколку некој воопшто размислува да го купи.