Нејзиниот татко ги излудуваше противничките напаѓачи, а таа ги поремети сите мажи (ФОТО)

Георгина Симан можеби сè уште не е толку популарна како нејзиниот татко, легендарниот голман на Арсенал, Дејвид Симан, но поради изгледот и фотографиите кои ги споделува на социјалните мрежи, таа веќе се приближи до бројката од 50.000 следбеници на Инстаграм.

Младата Георгина крена прашина на Инстаграм со своите провокативни фотографии, а иако многумина не знаат дека е ќерка на легендарниот голман, добива се поголема популарност на Островот.

Инаку, Георгина е ќерка од вториот брак на Дејвид Симан, откако тогашниот англиски голман се разведе од нејзината мајка Деби во 2010 година и започна љубовна врска со друга жена.