Навивачка на Наполи гола славеше четвртфинале во ЛШ, па најави лудница за – европска круна! (ФОТО)

Најжешката навивачка на Наполи, Паола Саулино, која е екстремно популарна на мрежата „Онли Фанс“, позираше гола и само со шал на наполитанците, откако четата на Лучано Спалети обезбеди четвртфинале во Лигата на шампионите, но атрактивната Италијанка најави уште поголем спектакл за – европска титула.

Саулино за медиумите објавила дека ќе игра стриптиз и гола ќе парадира на автобус ако највредниот европски трофеј дојде под Везув. Наполи во четвртфиналето го чека двомеч со Милан, а ако ги мине „росонерите“ ќе се судри за финале со подобриот од пресметката Интер – Бенфика.

„Ќе направам нешто многу лудо и гола ќе парадирам на отворен автобус ако Наполи стане европски првак. Тоа е нешто што можам да си го дозволам и да го направам. Мислам дека изнајмување на автобус и не е толку скапо“, рекла Паола.