Навивачите на полски Лех од Познањ направија неверојатно пиротехничко шоу одбележувајќи 99 години од големопослкото востание или познато како познањска војна која се случила во периодот од 1918 до 1919 година. Во војната на полските жители против германската власт во тој регион, Полјаците успеале овој регион да го припојат кон тогаш новоформираната полска држава. Навивачите на Лех не пропуштија да го одбележат со преку две илјари разноразни пиротехнички средства, а најмногу факли.