Навивачите на Лацио на интересен начин го уништија муралот на Мурињо (ФОТО)

Лацио вчера се договори со Маурицио Сари да им биде тренер во следната сезона, а навивачите на тимот од Рим го уништија муралот на градскиот ривал кој беше посветен на Жозе Мурињо.

Сега на муралот може да се забележи само телото на Мурињо, додека неговата глава е во облакот од дим кој го прави Сари, кој обожава да пуши цигари и има голем проблем со тоа.