Навивачи ја унаказија статуата на Ибра - пробале со пила да ѝ ги исечат нозете! (ФОТО)

Шведскиот напаѓач Златан Ибрахимовиќ стана голем непријател на навивачите на Малме, откако вложи пари во Хамарби, а тоа се смета за предавство од негова страна.

Фановите на Малме ја нападнале статуата со моторна пила со намера да ги отсечат двете нозе и да ја турнат, а притоа на вратот заврзале и јаже.

Се појави можност статуата да биде префрлена во Стокхолм, но градското собрание на Малме ја отфрли таа можност.

„Статуата нема да мрдне никаде. Златан е роден тука и ќе остане поврзан за Малме. Тој е пример за младите луѓе“, порачаа од градското собрание.