Натпревар во Парагвај беше прекинат зашто куче заспа на теренот! (ВИДЕО)

На почетокот на второто полувреме од мечот меѓу Сол Америка и Гварани во Парагвај се случи несекојдневна ситуација, откако на теренот заспа едно куче.

Судијата Дерлис Лопез не сакаше да го продолжи мечот додека кучето не се разбуди и не го изнесоа надвор од теренот, а на крајот Сол Америка славеше со 1-0.