Газдата на Струга: Смешно е да местам натпревар за 30-50 илјади евра! (ВИДЕО)

Сопственикот на македонскиот прволигаш Струга, Менди Ќура, отворено зборуваше за вложувањата во клубот и својот став за местењето натпревари. Во гостувањето на „Б2 Канал ТВ“, тој порача дека не би размислувал за такво нешто за суми од 30.000 до 50.000 евра.

Ќура посочи дека е смешно да се намести натпревар за сума од 30.000 до 50.000 евра и посочи дека ќе продолжи со вложување во неговата екипа за да има квалитетен тим.

„Да наместиш натпревар ќе профитираш 30.000-50.000 евра. Тоа не би го помислил. Смешно е да местам натпревар за 30-50 илјади евра. Не сакам да потценам 50.000 евра, но ние вложуваме во екипи големи пари. Подобро заштеди на луксуз и направи добар тим. Приоритет ми е да го спонзорираме клубот, не сакаме други спонзори, додека компанијата е во можност. Сакаме екипата да има квалитет“, кажа Ќура.

Струга по девет одиграни кола во Првата лига се наоѓа на делба на втората позиција со Вардар, со кој имаат по 17 бодови.