Наредба од девојката: Голема НБА-ѕвезда мора да носи шорцеви во бои на знамето на Србија (ФОТО)

Ѕвезда на ЛА Клиперс, Пол Џорџ, е уловен како го чисти базенот пред својата куќа во шорцеви во боја на знамето на Србија, што и не е некакво изненадување ако се знае дека неговата сопруга е од оваа балканска земја.

Станува збор за Даниела Рајиќ, која ја нарекуваа и како „српската Ким Кардашијан“, пред сѐ поради својот изглед, но и скандалозно однесување, со оглед што во минатото работела како стриптизета. Таа е родена пред 30 години во Њујорк, а нејзиното семејство има српски корени.

Даниела и Пол Џорџ имаат и една ќерка, а се свршени од крајот на ноември минатата година. Фотографијата на Џорџ ја објави самата Даниела.