Напаѓач на Аталанта падна во депресија откако ја нашол сопругата во кревет со љубовник?

Италијанските медиуми објавија дека напаѓачот на Аталанта, Јосип Иличиќ поради приватни проблеми се вратил во Словенија, а тоа е голем удар за клубот од Бергамо затоа што останаа без најважниот играч.

Од Аталанта објавија дека станува збор за повреда, но според медиумите тоа не е точно. „Газета дело Спорт“ објави дека Иличиќ паднал во депресија откако открил дека неговата сопруга го изневерува.

Засега ова е само шпекулација, па се чека официјално соопштение од Аталанта, која најверојатно ќе ја реши мистеријата на напаѓачот.