Наместо да му помогнат на повреден фудбалер го повредија уште повеќе (ВИДЕО)

Понекогаш медицинарите наместо да помагаат повеќе одмагаат, за што сведочи и еден комичен момент од бразилскиот фудбал. 

На дуелот помеѓу Триндаде ГО и Фламенго, еден фудбалер на домашниот тим се жалеше на повреда. На теренот влезе медицинскиот персонал со количка. Но наместо да му помогнат на повредениот фудбалер тие направија поголема штета. Човекот кој ја возеше количната го прегази фудбалерот преку неговото стапало и веројатно го доповреди.