Наинголан ги истрола Роналдо и Погба поради пијалоците (ФОТО)

Кристијано Роналдо и Пол Погба се главна тема во последните два дена затоа што ги поместија пијалоците на нивните прес-конференции, па белгискиот фудбалер Раџа Наинголан реши да ги истрола преку социјалните мрежи.

Роналдо ги тргна шишенцата со кока-кола и порача дека треба да се пие вода, а не газирани пијалоци, додека Погба го тргна пивото за време на прес-конференцијата, па сега Наинголан направи една фото-монтажа и реши да ги „пецна“.