Варди пред сензационален трансфер: Легендата повторно ќе игра во Англија!?
Евертон во последниот ден од преодниот рок остана без Бето, кој замина во Фиорентина, а дополнително пропадна и обидот за ангажман на Фоларин Балогун.
Токму поради тоа, Варди се појави како интересна опција. 39-годишниот голгетер има огромно искуство во Премиер лигата, а со Лестер остави сериозна трага, освојувајќи ја титулата во сезоната 2015/16.