Не е сѐ во парите: Нуњез откри низ каков пекол поминал во Ал Хилал
Нуњез минатото лето го напушти Ливерпул и се пресели во Саудиска Арабија, каде што беше едно од најголемите засилувања и доби голема плата, но очигледно не е сè во парите.
Ситуацијата кулминира по доаѓањето на Карим Бензема во јануари, кога Нуњез беше отстранет од списокот со странци за вториот дел од сезоната.
Тренерот Симоне Инѕаги објасни дека одлуката била последица на правилата за регистрација на странци, но тоа не го промени фактот дека Нуњез остана без право да игра.
Уругваецот остана под договор со Ал Хилал, но минатиот месец замина на позајмица во Ал-Дирија.
„Беше многу тешко, но секогаш зборував дека по бурата доаѓа сонце. Повторно играм фудбал и среќен сум во моментов. Последните шест месеци кои ги поминав во Ал Хилал беа многу тешки за мене и моето семејство, на никого не би му посакал да помине низ исто искуство“, кажа Нуњез.
Фото: Facebook/AlHilal Saudi