Неапол повеќе од три децении чека шампионска титула, уште од ерата на Диего Марадона, кога провинцискиот Наполи го направи двоен шампион, па во градот под Везув кој е луд по фудбалот, човек може само да замисли какви се луди прослави би имало ако „скудетото“ дојде во нивиот град по третпат во историјата.

И една од најзгодните новинарки, токму од Неапол, Флоријана Месина, која е „ривалка“ на најатрактивната италијанска новинарка Дилета Леота, најави дека ќе оди до крајни граници ако Наполи стане италијански првак – ќе се соблече гола.

Месина веќе од поодамна ги збеснува мажите кога ќе се разголи, па бујните облини ќе излезат во преден план и може само да се замисли што ќе се случи по социјалните мрежи ако објави слика како од мајка родена.

„Ако Наполи освои „скудето“ - ќе се фрлам сè од себе“, најави Флоријана, инаку по потекло од Колумбија.

Член на Наполи е макеоднскиот бисер Елиф Елмас, а пред две години наполитанците беа најблизу да ја прекинат доминацијата, кога во завршницата од Серија А потклекнаа во шампионската трка. Изминатава сезона имаа ужасни настапи, не изборија ниту ЛШ, ама имаат сериозни амбиции за следната, па не е чудо што фрлија 60 милиони евра за нов голгетер – Осимен од Лил.

Со најава дека ќе донесат уште неколку засилувања, за Џенаро Гатузо да ги поведе наполитанците кон врвот. А, од Месина имаат дополнителна мотивација за да стигнат до такво нешто.