Модриќ доби прекрасно изненадување пред „Сантијаго бернабеу“ (ВИДЕО)

Тренерот Сантијаго Солари реши на дуелот да им даде шанса на младите фудбалери, односно на тие кои во последно време не се во форма или не играат.

По дуелот, Модриќ излегуваше од „Бернабеу“ со автомобилот, а на улицата пред стадионот го пречека изненадување.

Таму го пречекаа многу навивачи за да му честитаат на освоената награда.

Стотина навивачи и туристи го опколија автомобилот на Хрватот по што почнаа да пејат „Лукита, Балон д Ор“.

Модриќ запре со својот автомобил и насмеан ги поздрави и им се заблагодари за честитките.