Љубовница разоткри НФЛ-ѕвезда: Ми направи дете и сега не сакаш ниту да слушнеш за него
Шерман ја забременил, но за детето не сакал ниту да слушне, меѓутоа понекогаш ѝ се јавувал на љубовницата за да помине ноќ со неа.
Тоа однесување ја изнервирало девојката, која реши да ги открие деталите во јавноста и да му направи сериозен проблем на Шерман.
„Доаѓаше кај мене секој ден и сега имаш лице да кажеш дека ова не е твое дете. Не ми даде ниту долар откако се роди. Ми кажуваш дека ме сакаш, а морав да поминам пекол додека бев бремена. Од самиот почеток знаеше за детето, но не му купи ниту пелени. Неверојатно е тоа што се обидува повторно да ме види и да имаме секс“, вели таа.