Причината за кризата на Милан е - Кристијан Пулишиќ

Американскиот интернационалец Кристијан Пулишиќ има тежок почеток на годината, бидејќи ѕвездата на Милан сè уште нема гол во 2026 година, што според многумина е главната причина за кризата на неговиот тим

Својот последен гол тој го постигна во победата од 3-0 над Верона на 28 декември 2025 година. Неговиот старт на сезоната беше одличен, постигна осум гола и уште две асистенции во своите први 11 натпревари во Серија А, но потоа се соочи со проблеми со физичката подготвеност кои, во последните недели, драстично го намалија неговото време за играње.

Според италијанските медиуми, освен проблемите со физичката кондиција и повредите, Пулишиќ повеќе не е толку суров како во првиот дел од сезоната, пропуштајќи неколку големи шанси во натпреварите против Парма и Фиорентина. Неговиот договор со Милан до 2027 година, но клубот има опција да го продолжи за понатамошна сезона.

Поразот од 1-0 на домашен терен против Парма во неделата ги остави „росонерите“ на второто место на табелата во Серија А, 10 бода зад нивниот градски ривал, Интер, на 12 кола пред крајот на сезоната.