„Л’Екип“ го претстави Меси како Че Гевара од Барселона (ФОТО)

Капитенот на Барселона, Лионел Меси вчера потврди дека ѕвездите на клубот се откажале од 70% од платата за да не бидат отпуштени сите вработени.

Пандемијата со коронавирусот направи големи финансиски проблеми на многу клубови, а играчтие ширум светот се обидуваат да помогнат.

Соопштението на Меси се најде во центар на внимание затоа што повторно се спротистави на управата на клубот. Тој ги критикуваше и кажа дека без потреба бил извршен притисок врз фудбалерите поради намалување на платите бидејќи тие веднаш се согласиле на тоа.

Ова не е првпат Меси да не биде задоволен од одлуките на раководството на Каталонците, па неколку пати ги критикуваше нивните потези.

Поради тоа „Л’Екип“ реши да го стави Меси на насловна страна, која привлече големо внимание бидејќи на неа беше претставен како револуционерот Че Гевара.