Лацијали го навредуваа Михајловиќ, па три полицајци едвај го задржаа да не се тепа (ВИДЕО)

Српската легенда Синиша Михајловиќ е поранешен фудбалер на Лацио, ама воопшто не е омилен меѓу навивачите на „орлите“, иако своевремено вадеа пароли и во негова чест.

Михајловиќ, кој е тренер на Болоња, синоќа дојде на финалето од Купот на Италија помеѓу Лацио и Аталанта, па на пат кон стадионот налетал на навивачи на Лацио. И неколкумина од нив почнале да го навредуваат, дофрлајќи дека е „циган“. Михајловиќ, кој има краток фитиљ веднаш тргнал да се пресмета со нив, но тројца полицајци едвај го задржале и го убедиле да не направи скандал.

Пред финлето во Купот, навивачите на Лацио дивееа низ „вечниот град“, па се пресметаа со полицијата, а запалија и еден полициски автомобил.