Луда понуда од Ал Хилал: Кејн одбил плата од 85 милиони фунти
Според информациите, 33-годишниот Кејн бил предмет на сериозен интерес од Саудиска Арабија, но понудата не била доволна да го убеди да го напушти германскиот шампион.
Англискиот голгетер наводно јасно ставил до знаење дека негов приоритет е да остане во Минхен и да продолжи со настапите за Баерн, и покрај финансиски исклучително поволната понуда. Кејн пристигна во Баерн во 2023 година од Тотнем и брзо се наметна како еден од клучните играчи на германскиот клуб. Неговата ефикасност и лидерската улога го направија еден од столбовите на тимот.
Наводно, Ал Хилал на Баерн му понудил отштета од 300 милиони евра со што англискиот репрезентативец би станал најскап фудбалер на сите времиња. Интересот од Саудиска Арабија уште еднаш покажува колку големи средства клубовите од тамошната лига се подготвени да понудат за најголемите фудбалски ѕвезди. Сепак, во случајот со Кејн, парите очигледно не биле доволни за промена на неговите планови.