Ќе „грми“ во Виена: Македонската „Фаланга“ ќе даде поддршка на кошаркарите!

Македонската кошаркарска репрезентација на 30 август ѝ гостува на Австрија во Виена во квалификациите за пласман на Европското првенство (ЕП) во 2029 година, а македонските навивачи се организираат за дуелот.

Македонската „Фаланга“ од Виена ги повика Македонците кои живеат во главниот град на Австрија и околината да се приклучат на трибините и да дадат поддршка на кошаркарите во квалификациите.

Натпреварот се игра на 30 август со почеток од 16.05 часот во Виена.