Во Соколи 1933 не се шегуваат: Двајца Американци одеднаш „слетаа“ во Штип!
Со ова тое најавија дека се решени да настапат во Суперлигата, за која се фаворити за добивањето на специјалната покана за учество по елиминацијата на Чаир 2030, кој не доби лиценца. Првото засилување е Кам Хамилтон, плејмејкер од Шарлот (Северна Каролина), кој во Штип пристигнува со богато меѓународно искуство. Во досегашната кариера настапувал во САД, Албанија, Кипар и Полска. Тој минатата сезона го носеше дресот на полскиот второлигаш Катовице, каде што имаше одличен просек од 19,9 поени, 5,7 скока, 3,8 асистенции и 2,5 украдени топки по натпревар.
Само еден ден подоцна, од Соколи 1933 го потврдија и ангажманот на Џеј Пал, крилен играч висок 206 сантиметри. Тој зад себе има сериозно НЦАА искуство, со настапи за Џексонвил стејт, Кемпбел и Сан Диего стејт. По завршувањето на колеџ-кариерата, тој професионално играл во Грузија, Белгија и Мексико. Во сезоната 2025/26 настапуваше за Фрајлес де Гуасаве во Мексико и имаше просек од 13,2 поени и 5,5 скока по натпревар.