Крвничка тепачка меѓу навивачи на Динамо Загреб и Осиек (ВИДЕО)

На социјалните мрежи беше објавена вознемирувачка снимка од брутална тепачка меѓу навивачи на Динамо Загреб и Осиек.

Во пресметката наводно учествувале над 40 навивачи од двете страни, а инцидентот се случи во еден парк, по што почна бркотницата низ улиците.

Според медиумите, еден навивач на Осиек паднал на тревата, по што бил брутално претепан од ривалите.