Крадец влегол во просториите на српски клуб и украл сè - топки, дресови, телевизор!

Полицијата во Смедерево уапсила едно лице поради сомнеж дека на почетокот на мај од просториите на фудбалскиот клуб Смедерево 1924 украл тренерки, топки, дресови и телевизор, во вредност од 4.250 евра.

Од полицијата соопштиле дека против него ќе биде поднесена кривична пријава за кражба, а одреден му е 48 часовен притвор, по што треба да почне судењето за случајот.

Засега од српскиот клуб уште не се јавиле со официјално соопштение за целиот случај.