Крадци оперирале во куќата на Бензема додека тој го играл мечот со Елче

Крадци го ограбиле францускиот репрезентативец од Реал Мадрид, Карим Бензема вчера во периодот додека тој со „кралевите“ го играле мечот со Елче, кој заврши 2-2 на „Сантјаго Бернабеу“, во рамките од шпанската Ла Лига.

Мадридската полиција објави дека кражбата во празната куќа на Бензема, која се наоѓа во предградието Сан Себастијан де лос Рејес била празна, ама не е откриено што сѐ е украдено од неа.

Бензема со семејството откриле дека биле ограбени откако се вратиле дома после мечот на „Бернабеу“, а полицијата најавила дека овој грабеж го истражува и од друг агол, случајно да не е поврзан со играбежот во куќата на Бензема во 2019 година.