Крадци ептен се офајдиле од ѕвезда на Сити – го олесниле за пола милион фунти!

Алжирската ѕвезда на Манчестер сити, Ријад Марез бил ограбен во својаот пентхаус од која непознати крадци му украле скапоцен часовник од 230.000 фунти, пари и накит, ама и низа вредни дресови.

Кражбата се случила пред нешто повеќе од еден месец, каде што крадците влегле и го олесниле Алжирецот, што не е ништо ново во Англија, зашто еден куп фудбалски ѕвезди останаа без многу скапоцености и пари од вакви банди, а англискиот репрезентативец Деле Али пред еден месец преживеа и хорор, откако крадци му се заканувале со нож, а и му удриле еден бокс, кога провалиле во неговата куќа.

На Марез му украле скапоцен часовник од колекцијата Ричард Мајл вреден 230.000 фунти, потоа два Ролекси со вкупна вредност од 75.000 фунти, неколку парчиња накит од „Картие“, вредни и ретки фудбалски тресови, а плус и 50.000 фунти во кеш.

Интересно е што дури сега во јавност излегува информацијата за кражбата во апартманот на Марез, но тој не била единствена што била ограбена, зашто во добро смислената акција, настрадале сопственици на уште четири апартмани во еден објект.

Марез се преселил во делот Манчестер Сити Центар откако се развел од својата сопруга Рита.