Комично и болно: Стерлинг наместо да ја погоди празната мрежа се заби во – стативата (ВИДЕО)

Фудбалерите на Манчестер сити дојдоа до ептен убедлива победа на синоќешното гостување кај Волверхемптон (5-1), која можеше да биде и поубедлива да беа поснаодливи напаѓачоте на „граѓаните“.

Рахим Стерлинг беше стрелец на последниот погодок, откако претходно четири гола во низа постигна Кевин Де Брујне, но англискиот репрезентативец можеше многу порано да се запише во листата стрелци.

Тој во 76. минута доби ептен квалитетно додавање, а пред себе имаше скоро празен гол, но се сплетка и наместо да погоди во мрежата тој се заби во стативата што освен што делуваше комично беше и болно.