Комедија во Словенија: Ако го победат Марибор ќе добијат премија - фамилијарна пица!?

Спортскиот директор на Марибор, Златко Заховиќ им вети на фудбалерите на клубот високи премии во следните напревари.

Во случај да победат во наредните пет меча, на фудбалерите ќе им подели половина милион евра.

„За сите фудбалери најавувам дека фудбалерите може да поделат 500.000 евра за победи во следните пет меча“, кажа Заховиќ.

Откако ги слушнале ветувањата на спортскиот директор, од екипата на Браво Љубљана решиле да преземат слични чекори.

Сепак, нивните премии се многу поскромни, па фудбалерите за секоја победа ќе добијат фамилијарна пица, а еден од противниците им е токму Марибор.

Браво на табелата во Првата лига е веднаш зад Марибор. Шампионот на Словенија е петти, а малиот тим од Љубљана се наоѓа на шеста позиција.