„Која ти е омилена песна на Партизан? Ама јас навивам за Црвена Звезда...“ (ВИДЕО)

Партизан во борбата за Лига Европа доби поддршка и од деца, кои можеа да бидат забеелжани на трибините.

Сепак, се случи интересен детал кога во една група на мали навивачи на Партизан, имаше и неколку „Делии“.

Новинарката Билјана имаше интервју со децата и најде еден поддржувач на „црвено-белите“.

„Ќе ве замолам накратко да ми се претставите и да ми кажете која ви е омилена песна“, кажа Билјана.

Момчето ја погледна Билјана, па кажа дека тој навива за Црвена Звезда.

„Јас сум Богдан Стојановиќ, но навивам за Ц. Звезда“, кажа момчето.