Кога Србин ќе збесне: Судијата го нарече го*но и коњ, па највулгарно го опцу (ВИДЕО)

Екипата на Милано, синоќа, загуби на домашен терен во пресметката со Анадолу Ефес (76-81) во склоп на Евролигата, што донесе голема нервоза кај кошаркарите, меѓу кои убедливо најбесен беше српскиот интернационален Немања Недовиќ.

Повремениот репрезентативец на нашиот северен сосед на стотина секунди до крајот направи прекршок во напад, кој за него беше петти, а за кој сметаше дека престрого му е досуден. Камерите го следеа Недовиќ на патот кон клупата, па условија како тој судијата прво го нарече коњ, па ептен вулгарно го опцу, па на крајот сето тоа го зачини со епитетот „го*но“.

Србинот би можел да се соочи со дисциплинска казна за својата вулгарност, без разлика што тоа го направи на мајчин јазик, а судиите не успеаја да го уловат на лице место. Изразот, кој ние не сакаме да го напишеме, можете сами да го прочитате од устата на Недовиќ во приложеното видео.