Кога Карагер среде интервју ќе му каже на Кутињо дека нема да оди во Барселона! (ВИДЕО)

Филипе Кутињо одигра еден од најдобрите натпревари во својата кариера воопшто, постигнувајќи хет-трик во победата на Ливерпул над Спартак Москва со 7-0. Затоа новинарот имаше што да го праша во официјалните изјави по натпреварот во кои друштво му правеше легендата на „црвените“, Џејми Карагер.

Кога му дојде редот на Карагер да зборува, заѕвони неговиот телефон, а новинарот се пошегува „да не ѕвонат од Барселона“, алудирајќи на можноста Кутињо да се пресели во каталонскиот клуб. Меѓутоа Карагер лесно се снајде, велејќи „не, тој нема да оди никаде, останува овде“.