Кинезите казнија француски кошаркар затоа што не им ја почитувал химната!?

Гершон Јабузел, кошаркарот на Нанџинг манки кингс е казнет од страна на кошаркарскиот сојуз на Кина поради бизарна причина.

Тој во средбата против Жеџинг голден булс, според проценката на кинескиот Сојуз, не ги почитувал правилата на лигата затоа што при химната на Кина ја спуштил главата.

Тоа не му е простено, па Французинот ќе мора да плати 1.500 долари казна со предупредување дека не смее да му се повтори.