
Излегоа информации дека Дани Алвес се убил - адвокатите ја расчистија ситуацијата
Освен тоа, го остави неговата сопруга, остана без се што стекнал во животот, па бразилски новинари објавија информации дека тој извршил самоубиство. За среќа, тоа не е точно, а ситуацијата ја објасниле неговите адвокати.
„Луѓето од ПР службата на Алвес ги контактираа адвокатите и потврдија дека информациите се лажжни, се е демантирано“, напишал друг бразилски новинар.
Алвес се наоѓа зад решетки повеќе од една година, од јануари 2023 беше во притвор, до пред неколку недели кога му беше изречена затворската казна. Со тоа беше фрлена дамка на една од најблескавите фудбалски кариери во историјата, имајќи предвид дека до пред две години тој беше најтрофеен фудбалер на сите времиња.