Инцидент во Австрија: Нападнат хрватски фудбалер, навивачи го начекале на бензинска пумпа

Навивачите на Рапид Виена го нападнале фудбалерот на Салцбург, Лука Сучиќ на бензинска пумпа во близина на Виена, откако нивната екипа загубила со 0-1.

Полицијата и Салцбург го потврдија инцидентот за медумите, а Рапид Виена го осуди насилството на навивачите.

Сучиќ поради дополнителните тестови за допинг морал да се враќа со член на стручниот штаб во неговиот автомобил, а кога застанал на бензинска пумпа, ги нападнала група навивачи.

Напаѓачите удирале по автомобилот и истуриле врз него некаква течност, но никој не бил повреден.