
На Битпазар демолирани два автобуси со Комити!
Имено, двата автобуси биле каменувани, бидејќи во него се возеле млади лица означени со обележја на ФК Вардар. Патниците во автобусот почнале да ги бркаат напаѓачите и за среќа веднаш реагирала полицијата, која набрзо ја ставила под контрола комплетната ситуација.
Од МВР потврдуваат дека на големата раскрсница кај Битпазар имало немири. Група навивачи каменувала автобус, но инцидентот поминал без повредени или поголеми последници.
На местото бргу стигнале припадници на специјалните единици, сообраќајот е блокиран, а ситуацијата е ставена под контрола..