Има лудаци што купуваат: Барса продава пакетчиња со трева од „Камп Ноу“ - буквално! (ФОТО)

Шпанска Барселона, која е во огромен долг од 1,3 милијарди евра и на никого не му е јасно како среде најголема финансиска криза потроши 160 милиони евра на засилувања, а наскоро ќе надмине цифра од 200 милиони, се обидува да заработи на секој начин, па и со – најбизарни свои продукти.

Ајде што каталонската гордост тргна да го изнајмува својот стадион за свадби, во клупската продавница сега се појавија „пакетчиња“ за навивачите да си купат трева од култниот стадион. И има „лудаци“ што купуваат, иако на никого не му е јасно што ќе ѝ прават на 10-ната грама трева од стадионот, ставена на магнет.

Барса со нови спонзорски договори како продажбата на името на стадионот на Спотифај и продажба на удели во своите компании за ТВ-права и маркетинг, собра безмалку една милијарда приходи, но и тоа засега не е доволно за да може да ги регистрира своите засилувања, поради преоптеретениот буџет и Каталонците сега молат пола играчи да прифатат помали плати, а дел од отпишаните по секоја цена ги распродаваат за да се откачат од нив.