„Има деца кои се борат за живот, кои би дале сѐ за вашето здравје, а вие го трошите од бес!“ (ФОТО)

Угледна српска лекарка напиша емотивен Твит со кој им се обрати на сите хулигани кои беснеат по трибините, се разбира, поттикната од инцидентот на дербито меѓу Партизан и Звезда.

Даница Грујичиќ е директорка одделот за неврохирургија во Клиничкиот центар на Србија и професорка на Медицински факултет во Белград. Таа никако не е поврзана со содржините на еден спортски портал, но стигна таму откако напиша еден твит, кој се однесува на тепачката меѓу навивачите на белградското дерби.

„Занемувам секогаш кога ќе видам вакво нешто! Секој ден се трудам да излечам болни луѓе и деца кои се борат да преживеат, а потоа го гледам ова, хулигани кои си играат со своите животи како да се безвредни. Прашајте се колку болни деца би дале сè за вашето здравје, кое вие го трошите од бес“, напиша Грујичиќ.

На дербито во средата, се степаа две фракции на Партизан, а инцидентот доби големо медиумско внимание откако се утврди дека биле вмешани и Хрвати и тоа со намера.