Хаос во Рим: Ѓоковиќ да го направеше ова, доживотно ќе го избркаа од тенисот (ВИДЕО)

Дисквалификацијата на Новак Ѓоковиќ од неодамнешниот Ју-Ес опен се уште е топ-тема во медиумите, а тенисерите и случувањата на терените се споредуваат со тоа што беше видено во Њујорк, каде што Србинот без намера погоди судија и предвреме мораше да си замине.

Српските медиуми низ призма на инцидентот на својот миленик го пренесоа и денешниот хаос на турнирот во Рим, каде што во главна улога беше францускиот тенисер Беноа Пер. Тој прво се караше со главниот судија, кој немаше слух за неговите предлози и кој пресуди еден сомнителен поен во полза на неговиот противник, а потоа и за доаѓањето на лекарот на терен. Потоа фрли шишенце со вода на терен, па си играше со него во обид да го врати назад и тоа со рекетот, за на крај да му сервира на ривалот додека кога не беше подготвен, па и тоа го искористи за расправија.

Сето ова го чинеше убедлив пораз, со оглед што Јаник Синер го совлада Пер со 6-2, 6-1, додека поентата од сето ова е што Французинот за целото шоу на Мастерсот во Рим не доби ама баш никаква казна. А, Србите велат дека Ѓоковиќ за вакво нешто доживотно би бил избркан од тенисот.