Голман на ПСЖ правел лудории и го скршил скапото Ламборгини (ФОТО)

Сезоната во Франција официјално беше прекината пред неколку недели, па фудбалерите добија дозвола во меѓувреме да заминат на одмор.

Многу фудбалери на ПСЖ ја искористија шансата да се вратат дома и да поминат некое време со семејството. А меѓу првите кој го напуштил Париз бил резервниот голман Марсин Булка.

Полјакот се вратии дома, меѓутоа неговиот одмор не минал како што очекуваше. Полските медиуми објавија дека Булка имал сообраќајна несреќа, па го искршил скапото Ламборгини.

Булка се обидел да премине еден автомобил и удрил во Хјундаи, кое било пред него, по што излетал од улица, но за среќа поминал без посериозни повреди.