
Голем потег на ПСЖ: За пожарникарите кои го спасуваа Нотр Дам – 500 влезници!
Од парискиот клуб сакаат на најубав начин да им се заблагодарат на париските пожарникари кои беспоштедно се жртвуваа во гаснењето на огнената стихија која ја зафати 850 години старата катедрала, која е една од иконите на француската престолнина и една од најголемите туристички атракции во градот на светлоста.
ПСЖ веќе донираше пари за реновирање на катедралата, која во понеделникот ја завати голем пожар, а во донациите за реновирање се вклучија многу милијардери и компании кои за еден ден собраа една милијарда евра.
ПСЖ во чест на Нотр Дам денеска ќе игра со специјални дресови на „Паркот на принцовите“, а присуството на пожарникарите е знак на почит кон луѓето кои се бореа да ја спасат иконата на градот.
На ПСЖ му треба победа против Монако за официјално да ја одбрани титулата, иако веќе од средина на сезоната беше јасно дека се шампиони и дека немаат достоен ривал кој би можел да ги детронизира.