
Го исклучија по инцидент со ривал, па зема метална шипка и тргна кон салата! (ВИДЕО)
Гузман сакаше да се истепа со Никола Марковиќ, а откако не му успеа тоа, замина од паркетот и зема метална шипка, по што сакаше да се врати на теренот.
„Кошаркарот, откако го напушти теренот, се однесуваше насилно. Ја напушти салата и тргна кон градилиште од каде што зема метална шипка и сакаше да се врати во салата. Во еден момент го запре соиграч, а потоа обезбедувањето му го одзема предметот“, соопшти полицијата.