Кристијано Роналдо конечно го отвори неговиот луксузен хотел во Мадрид, кој вреди дури 13 милиони евра. Тој има дури 168 соби, како и спортски бар, па неговите гости ќе можат да уживаат.

Иако отворањето на хотелот беше во прв план, сепак најмногу внимание привлече неговата атрактивна девојка Георгина Родригез.

„Ти честитам на отворањето на хотелот од соништата во срцето на Мадрид. И понатаму сум возбудена поради тоа што го градиш. Ги повикувам сите да го посетат овој простор“, вели Георгина.