Фудбалер доби ептен бизарен црвен картон поради – мочање на терен (ВИДЕО)

Крајно необична ситуација беше видена на натпреварот од Купот на Перу помеѓу Атлетико Авајун и Канторсил, откако еден од фудбалерите доби црвен картон поради ептен бизарен потег.

Гостинскиот играч, Себастијан Муњоз, чекаше да изведе корнерот бидејќи еден од противниците добиваше лекарска помош. Но, кога судијата беше подготвен да даде знак за продолжување на мечот, го виде Муњоз како уринира зад корнер знаменцето, па веднаш му додели црвен картон поради недолично однесување на фудбалски натпревар.

Видеото од оваа ситуација веднаш стана вирално на интернет.